Connect with us

Фудбал

ФОТО: Силата на ударот на Роналдо не ја издржа на нозе обезбедувањето зад голот

Во моментов се игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите помеѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед.

Во моментов, резултатот на семафорот е 1:1, а головите ги го постигна Кристијано Роналдо и Нгамалу.

Пред почетокот на овој натпревар, додека нишанеше кон голот, Кристијано Роналдо стрелаше силно кон голот, а топката го погоди чуварот на стадионот кој потоа падна на подот.

Медицинската екипа мораше да му помогне, а славниот Португалец дојде кај него и го охрабри да застане на нозе, што ја воодушеви публиката во Берн.

Инаку, ова беше трет гол на Роналдо во реваншот за Манчестер Јунајтед, бидејќи постигна два гола во победата од 4:1 над Њукасл викендов.

Ова е 177 -ти настап на Роналдо во Лигата на шампионите и со тоа тој се израмни со Икер Касиљас по бројот на натпревари во најелитното клупско натпреварување, а ова беше негов 135 гол во Лигата на шампионите и таму е недопирлив.

Facebook