SportM
Фудбал

ФОТО: Спектакуларен мурал во негова чест беше откриен во поранешното училиште на Меси

Д М3 јул 2021
ФОТО: Спектакуларен мурал во негова чест беше откриен во поранешното училиште на Меси

Мурал посветен на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, беше откриен во неговата родна Аргентина.

Пред неговото поранешно училиште во Росарио, каде Меси е роден и израснат пред да замине за Барселона, направен е спектакуларен мурал со неговиот карактер.

Муралот е нацртан на основното училиште во кое одеше Меси, а муралот исто така вели: „Од друга галаксија … И од мојата област“.

Ремек-делото го изработија четворица уметници, а муралот е висок 14 и широк осум метри.

Меси претходно изјави дека еден ден ќе се врати во Росарио, а со оглед на неговата возраст, тој ден е се поблизу.

Тој во моментов е слободен агент бидејќи договорот со Барселона истече на 1 јули, но очигледно, наскоро треба да потпише нов договор со каталонскиот гигант.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.