SportM
Фудбал

ФОТО: Вака Антонела го прослави моментот кога Меси постигна гол

Д М18 дек 2022
ФОТО: Вака Антонела го прослави моментот кога Меси постигна гол

ЛИОНЕЛ МЕСИ постигна гол за Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар против Франција, а неговата сопруга Антонела Рокуцо славеше на трибините. Семејството на Меси има посебна ложа на трибините од која ја бодрат ѕвездата на аргентинската репрезентација, а прославата беше на врвот откако Меси реализираше пенал.

Главната ѕвезда на трибините
Антонела ги следеше сите натпревари на Аргентина на Мундијалот во друштво на свекорот Хорхе Хорасио Меси и свекрвата Селија Марија Кучитини. Заедно со нив на трибините се и синовите на Меси, Тиаго, Матео и Чире. Сите тие се облечени во дресот на аргентинската репрезентација со бројот 10, кој го носи Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Сопругата на Меси е страствен навивач на аргентинската репрезентација, а за време на натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска во полуфиналето на Светското првенство, исто така гласно навиваше, а цело време имаше широка насмевка на лицето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.