Фотографијата на претседателот на Реал Мадрид со судијата предизвика големо внимание (ФОТО)

Реал Мадрид ја победи Гранада со 2-0 во вчерашниот дуел од шпанската Ла Лига.
Сепак, по овој натпревар повторно се зборува за судењето, кое според мислењето, особено на навивачите на големиот ривал Барселона, повторно беше на страната на Кралевите.
Сомнителната ситуација се виде во судиското надополнување од првиот дел. Касемиро беше во дуел со играч на Гранада во казнениот простор, гостите бараа пенал, но судијата не одговори и покрај протестите на гостите.
ВАР ги прегледа снимките. Одлучено е дека нема контакт и Гранада остана без пенал.
Протестите на навивачите на Барселона се уште поголеми откако пред натпреварот видоа фотографија на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој се поздравува со еден од судиите.
La imagen. pic.twitter.com/AgIBY0XrYi
— Universo FCBarcelona (@UNIVERSO_1899) December 23, 2020
Ова не им се допаѓа, тие веруваат дека тој има многу големо влијание врз нив и дека на Реал му се попушта пред одредени одлуки.



