SportM
Фудбал

Фотографите го уловија Салихамиџиќ во разговор со ѕвездата

Д М10 апр 2022
Фотографите го уловија Салихамиџиќ во разговор со ѕвездата

Баерн Минхен во голема мера преговара за нови договори со неколку фудбалери, меѓу кои и крилото Серж Гнабри.

Серж Гнабри е уште еден во низата играчи на Баерн кои сакаат поголема плата, а на клубот е да одлучи дали ќе му ја даде. Според Билд, 26-годишникот бара зголемување од 10 милиони евра на 20 милиони годишно.

Гнабри има договор до летото следната година. Преговорите со него се водат подолго време и не може да се најде заеднички јазик.

Преговорите ги води Хасан Салихамиџиќ, а денеска се одржа нова рунда. Избрана е интересна локација, па Брацо и фудбалерот на Баерн разговарале 15 минути во теретана.

Фотографите на Билд снимија моменти од разговорот. На фотографиите се гледа како Хасан Салихамиџиќ сталожено објаснува одредени работи на Гнабри.

Дали ќе успее да го убеди овој фудбалер да потпише нов договор и какви ќе бидат условите за евентуален договор, останува да видиме.

Серж Гнабри е член на Баерн од 2018 година. Тој одигра 165 натпревари и постигна 61 гол. Сезонава во 39 настапи има учинок од 14 гола и 10 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.