Поврзи се со нас

Фудбал

Франческо Тоти и неговата сопруга заразени со коронавирус

Таткото на Тоти неодамна почина од коронавирусот, а сега и тој е заразен.

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти неодамна го загуби својот татко кој почина од коронавирус, а сега и самиот поранешен играч на Рома е заразен.

Коронавирусот се повеќе е присутен и кај спортистите и кај оние кои го имале до неодамна. Тоти потврди дека бил позитивен на тест за коронавирус и дека ги има сите симптоми.

Покрај Тоти, заразена е и неговата сопруга, која исто како и тој, има висока температура.

Веднаш и двајцата беа ставени во изолација, а сега во следните денови ќе се следи нивната здравствена состојба.

loading...

Facebook