Connect with us

Тајмаут

Француската тенисерка која во сред кариера ги зголеми градите, отвори профил на OnlyFans: Секогаш со стил! (ФОТО)

Поранешната топ 50 тенисерка Осеан Доден направи невообичаен потег во својата кариера. Имено, откако испадна од Топ 800 на ВТА ранг-листата, таа објави соработка со платформата OnlyFans.

Таа сака, користејќи ја својата силна присутност на социјалните мрежи (повеќе од 75.000 следбеници на Инстаграм), да обезбеди дополнителен извор на приходи.
Француската тенисерка беше речиси една година надвор од теренот поради здравствени проблеми со внатрешното уво, кои предизвикуваа силни вртоглавици. Во тој период ја искористи принудната пауза и за естетска операција за зголемување на градите, за што отворено зборуваше во интервју за RMC Sport.

„Не се срамам да кажам дека направив операција на градите. Тоа го сакав одамна“, рече Доден.

„Ја искористив паузата затоа што по операцијата мораев да мирував барем два месеци, што за време на сезоната не е можно. Си реков себе си, ако веќе морам да паузирам шест месеци, подобро е да направам и она што го сакам. Среќна сум и воопшто не жалам.“

View this post on Instagram

A post shared by Oceane Dodin (@oceane_dodin)