Француските навивачи ги чекаа овие фотографии веќе шест години

Репрезентацијата на Франција се собра вчера пред почетокот на подготовките за Европското првенство.
Актуелните светски шампиони ќе имаат две недели да се подготват за Европското првенство, а многумина веруваат дека тие ќе бидат главните фаворити за освојување на златниот медал.
По шест години, Карим Бензема се појави и на националниот собир и конечно се врати во националниот тим.
Дидие Дешамп го повика Бензема да се приклучи на репрезентацијата откако ги убеди челниците на Федерацијата дека е време да се врати и да му се прости за грешките што ги направи пред шест години.
Бензема вчера беше меѓу првите што се појави во Клерфентан на собирот, и доби топло добредојде од тренерот Дешамп и неговите соиграчи.
Денес Французите го одработија првиот тренинг како дел од овие подготовки, а како што се очекуваше, Бензема беше во центарот на вниманието на присутните новинари и фоторепортери.
Фановите се воодушевени од фотографиите од тренингот и она што конечно го видоа за Бензема во опремата на француската репрезентација.

За него, тоа беше секако емотивен момент, но и за навивачите кои го „преплавија“ Твитер со своите коментари, и му посакаа среќно враќање на Бензема во националниот тим по шест години отсуство.
Исто така, Бензема нема да го носи дресот со број десет во националниот тим како порано, сега че го носи бројот 19.
Француските медиуми објавија дека по неговото враќање во националниот тим продажбата на дресови е зголемена за дури 2.400 проценти, што е навистина нереално.
Бензема одигра вкупно 81 натпревар за националниот тим и постигна 27 гола, а последниот натпревар беше во 2015 година.



