Французите тврдат – Третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен?

На крилата на Меси и Ди Марија, „гаучосите“ ја освоија титулата на Светското првенство во возбудливото финале против Франција.
Сепак, француски L’Ekip тврди дека судијата Марчињак морал да го поништи третиот гол на Аргентина.
„Гаучосите“ дојдоа до предност во продолжението, гол технологијата веднаш реагираше и го извести полскиот судија дека топката ја минала линијата од голот на Љорис. Сепак, на сликата и видеото може да се види како двајца резервни играчи на Аргентина влегуваат на теренот уште пред да биде постигнат голот.
Така, Аргентинците имаа 13 играчи на теренот, што секако не е според правилата. Сепак, ниту ВАР, ниту помошните судии не реагираа, па голот остана да важи и добивме полемика.
Football fans claim Argentina's third goal against France should not have stood. pic.twitter.com/I2Y6bsFh7P
— SPORTbible (@sportbible) December 18, 2022



