Френки де Јонг бесен по мечот со Хетафе: Судиите да престанат да го одложуваат времето!
Д М14 авг 2023

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг го критикуваше Хетафе за забавување на играта на натпреварот помеѓу двата тима синоќа. Натпреварот на кој шампионите гостуваа заврши нерешено 0:0.
Судијата Цезар Сото Градо додаде 10 минути на првото полувреме, а на вториот дел 9. Холанѓанецот е револтиран од постапките на противникот и од одлуката на Ла Лига.

“Срамота е што Ла Лига донесе таква одлука. Хетафе загуби 20-30 минути. Срамота! Судиите и Ла Лига треба да донесат други одлуки. Судиите да престанат да губат време. Но, ние мора да бидеме подобри”, изјави Де Јонг, цитиран од „Мундо Депортиво“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



