SportM
Фудбал

Фудбал, вера и соништа: Сирија гази кон Светското првенство

Д М7 јун 2021
Фудбал, вера и соништа: Сирија гази кон Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Сирија гази кон Светското првенство во Катар.

Сиријците го забележаа седмиот триумф во групата А во седмото коло од првото коло на квалификациите.

Тие убедливо го совладаа Гуам со 0:3. Двоен стрелец беше Мардикијан во шестата и деветтата минута, додека триумфот го потврди Ал Мавас со погодок во 84-та минута.

Сирија има 21 бод, Кина е на второто место со десет бода, но и два натпревари помалку.

Кина и Сирија моментално играат во следната рунда, каде на Сиријците им е потребен бод за да го потврдат пласманот во главната рунда на квалификации, без оглед дали ќе завршат на првото место со 22 бода и сигурно би биле меѓу четирите најдобри второпласирани екипи во првото коло од азиските квалификации.

Сирија живее фудбалски соништа, а на теренот покажаа дека до крајот на квалификациите ќе бидат сериозен противник во борбата за четири места кои водат директно на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.