SportM
Фудбал

Фудбалер на Сити ја купил донирана опрема од починатиот боксер и му ја вратил на неговиот татко

Д М20 апр 2020
Фудбалер на Сити ја купил донирана опрема од починатиот боксер и му ја вратил на неговиот татко

Ајмерик Лапорт ја покажа својата хумана страна откако ја купи опремата на трагично починатиот француски боксер Алексис Вастин.

Таткото на Вастин ја донирал опремата на неговиот син за да собере што е можно повеќе пари за да им помогне на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

Фудбалерот на Манчестер Сити го купи дресот на Вастин, кој се бореше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година за 5.000 евра и веднаш реши да му го врати на неговиот татко.

Поранешен француски боксер освои бронзен медал на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и почина во хеликоптерска несреќа во Аргентина на 28-годишна возраст.

Несреќата се случила по судирот на двата хеликоптери во март 2015 година кога загинале сите десет патници.

Кирил Думулин, француски ракометар, веднаш по донирањето ја стави опремата на аукција и најбрзиот беше 25-годишен дефанзивец на „Граѓаните“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.