SportM
Фудбал

Фудбалерите на Аргентина кренаа спорен транспарент по победата над Англија за Фолкландските Острови! (ФОТО)

Редакција16 јул 2026
Фудбалерите на Аргентина кренаа спорен транспарент по победата над Англија за Фолкландските Острови! (ФОТО)

Имено, сеќавањето на вооружениот конфликт за суверенитетот над Фолкландските Острови од 1982 година и понатаму е длабоко врежано во националната свест, а секој натпревар против Англија претставува можност за нова потврда на аргентинското право врз јужноатлантскиот архипелаг.

Веднаш по последниот судиски свиреж, неколку аргентински репрезентативци на теренот развија бело знаме со јасна порака: „Фолкландските Острови се аргентински“.

Знамето најпрво го држеше Лисандро Мартинез, потоа му се придружи Џовани Ло Селсо, а играчите се собраа околу транспарентот, ставајќи го во центарот на своето славје на стадионот во Атланта.

Овој потег беше директна порака, и покрај претходните обиди да се смират тензиите, во кои учествуваше и селекторот Лионел Скалони во пресрет на натпреварот, нагласувајќи дека станува збор исклучиво за фудбал.

Натпреварот беше прогласен за високоризичен, па беше организирана безбедносна операција со повеќе од 1.600 полицајци, додека ФИФА и безбедносните служби предупредија дека се забранети какви било политички пораки или пораки на омраза.

Аргентинската министерка за безбедност Алехандра Монтеолива дури изјави дека на навивачите со знамиња или маици што се однесуваат на Фолкландските Острови нема да им биде дозволен влез.

Таа порача дека ќе биде забранет влез со предмети што содржат каква било провокативна порака, без разлика дали е од политичка или расна природа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.