SportM
Фудбал

Фудбалерите на Ливерпул ќе добијат фантастични бонуси за освојување на Премиер лигата

Д М8 фев 2020
Фудбалерите на Ливерпул ќе добијат фантастични бонуси за освојување на Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул се на добар пат за конечно после 30 години на „Енфилд“ да го донесат трофејот од Премиер лигата.

Навивачите на Ливерпул веќе 30 години ја чекаат титулата шампион на Англија, а се чини дека оваа сезона конечно е нивна. „Редсите“ во моментов се први на табелата и имаат 22 бода повеќе од Манчестер Сити кој е на второто место на табелата.

Колку челниците на Ливерпул ја чекаат титулата, најдобро покажува и фактот дека подготвија одлични бонуси на играчите. Фудбалерите на првиот тим на Ливерпул ќе добијат бонуси од 4 милиони фунти, а тука се вклучени и членови на стручниот штаб.

Англиските медиуми пишуваат дека секој играч на Ливерпул ќе добие околу 150 000 фунти, што е навистина голема бројка. „Редсите“ исто така поделија бонуси и минатата сезона кога клубот ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Но, како што играат тимот на Јурген Клоп, тие навистина ги заслужија сите овие огромни бонуси од клубот, бидејќи повторно по долго време го вратија Ливерпул на врвот на европскиот фудбал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.