SportM
Фудбал

Фудбалерите на Наполи плачеа во соблекувалната

Д М11 дек 2019
Фудбалерите на Наполи плачеа во соблекувалната

Наполи го победи Генк со висок резултат 4:0 и избориа пласман во 1/8 финале во Лигата на шампионите, но атмосферата во соблекувалната беше мрачна по натпреварот.

Без оглед на триумфот, Аурелио Де Лаурентис реши да го разреши Карло Анчелоти, и тогаш играчите беа свесни дека носат голем дел од вината за таков епилог.

Поради побуната и спротивставувањето од шефот Де Лаурентис, атмосферата во тимот беше многу напната во изминатиот период, што покажува и низата лоши резултати до синоќа.

Кога дознале дека Анчелоти бил отпуштен, многумина плачеле во соблекувалната. Искусниот стручњак, се разбира, беше во можност да ги задржи емоциите во него.

По отказот, некои играчи како Кулибали и Зилински исто така јавно го поддржаа Анчелоти, сепак, предоцна е за какви било промени, бидејќи Гатусо веќе е подготвен да го заземе своето место како тренер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.