SportM
Фудбал

Фудбалерките на Лион шампиони на Европа

Д М21 мај 2022
Фудбалерките на Лион шампиони на Европа

Екипата на Лион ја освои годинешната женска Лига на шампиони на УЕФА.

Со погодоците на Амандин Хенри, Ада Хегеберг и Катарина Макарио, Лион ја совлада Барселона со резултат од 1-3.

Голот за Барселона го постигна најдобрата светска фудбалерка, Алексија Путелас.

Барселона не успеа да ја одбрани титулата од лани, а за Лион ова претставува 10-то финале и осми трофеј од Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.