Поврзи се со нас

Фудбал

Фудбалерот на Јувентус криеше од своите родители дека игра за првиот тим на Старата дама, таткото дозна кога го вклучи телевизорот

Јувентус е еден од најголемите светски клубови и голем број на фудбалери сонуваат еден ден да играат за првиот тим на популарната „Стара дама“.

Оваа сезона, стандарден првотимец на Јувентус е и Џанлука Фработа, кој интересно криеше од своите родители дека е член на првиот тим и дека ќе игра.

Еркол Фработа за италијанските медиуми изјави дека дознал дека неговиот син играл за првиот тим на Јувентус кога го видел на телевизија.

“Тој дури и не ни кажа дека ќе игра за Јувентус против Сампдорија. Дознав кога го вклучив телевизорот, тој сигурно го знаеше тоа некое време, но тој молчеше”, рече постариот Фработа.

“Јас го почитувам тоа, бидејќи што можев да му кажам? Да биде смирен? Сигурно имаше притисок, но тој беше фокусиран”, додаде тој.

Фработа јуниор досега имаше седум настапи за првиот тим на Јувентус во досегашниот дел од сезоната. 21-годишникот беше член на младинските екипи на Болоња. Тој пристигна во торинскиот клуб во 2019 година. Минатата сезона играше за тимот до 23 години.

loading...

Facebook