SportM
Фудбал

Фудбалот отстранет од Олимпијадата?

Д М3 фев 2022
Фудбалот отстранет од Олимпијадата?

Меѓународниот олимписки комитет реагираше по предлогот на ФИФА Светското првенство да се игра на секои две години

Меѓународниот олимписки комитет размислува да го отстрани фудбалот од Олимпијадата.

Ова е одговор на ФИФА која размислува да го организира Мундијалот на секои две години

Веста дојде од член на МОК, кој сакаше да остане анонимен.

„На јазикот на Олимпискиот комитет, пораката на ФИФА е повеќе од јасна. Но, ако сакате фудбалот да остане на Олимпијадата, мора да се откажете од планот Светското првенство да се игра на секои две години. Не би било соодветно Светското првенство и Олимпијадата да се играат во иста година“, изјави тој за Тајмс.

Дури и претседателот на Олимпискиот комитет на Африканските нации, Мустафа Бераф е против Светското првенство на секои две години.

Според него, Светското првенство на секои две години би го загрозило спортот, а особено фудбалот.

Тој додаде дека фудбалерите не се роботи за да се справат со овој напорен распоред.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.