Фудбал
Фудбалската асоцијација ги обвини Вест Хем и Нотингем Форест за тепачката на крајот од натпреварот

Фудбалската асоцијација на Англија ги обвини Вест Хем и Нотингем Форест за тепачката што избувна меѓу нив на крајот од натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата во неделата, кој заврши со победа на гостите од Нотингем од 2-1.
Во 13-тата минута од дополнителното време во вториот дел, избувна судир помеѓу играчот од средниот ред Едсон Алварез од домашната екипа и дефанзивецот Муриљо од гостинската екипа, кој брзо ескалираше во тепачка меѓу играчите на теренот. Изненадувачки, главниот судија Сем Барот не исклучи ниту еден играч, туку им покажа жолти картони на Муриљо и Фелипе Мората од Нотингем и на Алварез и Карлос Солер од Вест Хем.
„Вест Хем и Нотингем Форест се обвинети за тоа што не ги спречиле своите играчи да се однесуваат на несоодветен и/или провокативен начин во 103-тата минута од натпреварот. Двата клуба имаат рок до 23 мај да одговорат на обвиненијата“, соопшти Фудбалската асоцијација.