Connect with us

Фудбал

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ШПАНИЈА: Барселона ќе остане без ЛШ?

Фудбалерите на Барселона ја освоија Ла Лига и со тоа изборија пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24, но постои можност Каталонците да не играат во елитата на европскиот фудбал.

Дисциплинската комисија на УЕФА назначи етички комитет на чело со Жан-Самуел Леуб и Миријам Колер Трунц да го истражи случајот „Негреира“.

Заклучокот е дека Барселона мора да биде казнета со неиграње европски натпреварувања следната година, пишува „ABC“.

Бидејќи се работи само за предлог за санкции, последниот збор го имаат УЕФА и претседателот на организацијата на европскиот фудбал, Александар Чеферин.

Барселона доби европска лиценца за Лигата на шампионите следната сезона, но постои можност за вето.

До 12 јуни се треба да биде целосно јасно…

ШТО Е „СЛУЧАЈОТ НЕГРЕИРА“?

Во случајот Негреира, Барселона се најде на удар на јавноста затоа што платила повеќе од шест милиони евра во периодот од 2001 до 2018 година на компанијата „Даснил 95“, која е во сопственост на Хозе Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на Комитетот за технички судии. Тој е ангажиран како судски советник на Барса.

Facebook