Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот сојуз на Португалија донесе одлука за судбината на селекторот Фернандо Сантош

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантос ќе ги предводи Роналдо и друштвото во баражот за одење на Мундијалот.

Фудбалската репрезентација на Португалија не успеа да се пласира на Светското првенство преку квалификации, па тоа ќе се обиде да го направи преку плеј-офот.

За Португалецот кобен беше поразот на домашен терен од Србија во последното коло од квалификациите, а по мечот во тамошните медиуми се шпекулираше за заминување на Сантос од клупата.

Сепак, денеска од Португалија пристигнуваат информации дека Сантос ја добил довербата од челниците на федерацијата и дека ќе ја предводи Португалија во баражот кој е закажан за март следната година.

Сантос ја презеде Португалија во 2014 година, а под негово водство Роналдо и друштвото го освоија Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 година.

Пред да ја преземе Португалија ја водеше Грција, а во кариерата меѓу другото ги предводеше Порто, АЕК, Спортинг, Бенфика, ПАОК …

Реклама

Facebook

Реклама