Галатасарај нуди 12 милиони евра плата во сезона, Леао има на ум друга дестинација

Рафаел Леао е главниот актер во овие последни денови од трансфер пазарот, чиишто крај е на 1 септември. Sky Sports и Gazzetta dello Sport објавуваат дека Милан моментално води преговори со два клуба што се заинтересирани за Леао: Астон Вила и Галатасарај.
Турскиот клуб нуди атрактивна плата, околу 12 милиони евра во сезона. Сепак, првата желба на Леао е трансфер во Премиер лигата, а Астон Вила се смета за идеална дестинација за Португалецот, каде што ќе има можност да игра и во Лигата на шампионите.
Од друга страна, Милан останува „верен“ на условот кој е поставен од дамнешно време за заминување на Леао: понудата треба да биде 50 милиони евра. Единствената предност што ја има Галатасарај во однос на Астон Вила е фактот што трансфер пазарот во Турција завршува на 4 септември, за разлика од Англија, каде што завршува на 1 септември.
Значи, Астон Вила има помалку време на располагање за да најде заеднички јазик со Милан и португалскиот играч на крилото.
Поврзано
Поврзани вести

Гакпо може да замине од Ливерпул, „црвените“ нудат 115 милиони евра за Баркола, но ПСЖ одбива

Поранешниот светски шампион за Алварес и неговите претставници: Се покажаа како идиоти, требаше да молчат

