SportM
Фудбал

Галатасарај со „смешна“ понуда за Леао, Милан веднаш ја одбива

SPORTM.mk6 авг 2026
Галатасарај со „смешна“ понуда за Леао, Милан веднаш ја одбива

Рафаел Леао продолжува да биде едно од најспоменуваните имиња на трансфер пазарот. До сега најзаинтересирани клубови се тие од турската Суперлига, особено Фенербахче и Галатасарај.

Италијанските медиуми откриваат дека актуелниот шампион на Турција, неодамна испратил официјална понуда до Милан: 35 милиони евра за траен договор, а не повеќе кредит со можност за купување.

Милан веднаш го одби овој предлог, бидејќи не отстапува од цената од 50 милиони евра. Во меѓувреме, турските медиуми информираат дека се очекува Галатасарај да испрати нова понуда до Милан за португалецот, која нема да биде повеќе од 45 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.