SportM
Фудбал

Галтие објасни зошто Нејмар го изведе пеналот, а не Мбапе синоќа: „Килијан има предност, но…

Д М29 авг 2022
Галтие објасни зошто Нејмар го изведе пеналот, а не Мбапе синоќа: „Килијан има предност, но…

Фудбалерите на ПСЖ синоќа ремизираа на домашен терен против Монако (1:1) во дербито од 4.коло од француската Лига 1.

Парижаните беа фаворити на овој натпревар и се очекуваше да продолжат со одличните настапи на почетокот на сезоната, но Монако на крајот успеа да освои бод на Паркот на принцовите.

Монако водеше од 20. минута кога Кевин Воланд ги замолкна домашните навивачи, но ПСЖ некако успеа да израмни во средината на вториот дел.

Во 70. минута судијата досуди пенал за домашните, а на изненадување на многумина топката ја однесе Нејмар, кој успеа да постигне гол од белата точка и да го израмни резултатот на 1:1, што беше конечна резултат од овој натпревар.

Мнгои беше изненаден што Нејмар го изведе пеналот бидејќи е јасно дека Килијан Мбапе е првиот изведувач на пенали во Париз.

Неодамна ја гледавме и расправијата меѓу двајцата кога Мбапе се налути што Нејмар не му ја дал топката и што ја извел за да го изведе пеналот. Тогаш тренерот Кристоф Галтие изјави дека Мбапе има предност пред Нејмар и Меси.

Затоа беше изненадување што Нејмар ја зема топката и шутираше синоќа, но Мбапе од друга страна воопшто не се жалеше како пред две недели.

По натпреварот Галтие ја коментираше ситуацијата и потврди дека Мбапе и понатаму е првиот изведувач на пенали во тимот, но објасни зошто францускиот напаѓач не го изведе пеналот синоќа против Монако.

„Мбапе е нашиот прв изведувач на пенали и тоа не се промени за овој натпревар, Нејмар е втор на таа листа. Нејмар одлучи дека треба да го изведе пеналот сега и разговараше со Килијан кој му честиташе откако постигна гол. Така треба работите да функционираат во тимот, се е прашање на договор. Се договорија Нејмар овојпат да го изведе пеналот и толку, нема драма“, изјави по натпреварот тренерот на ПСЖ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.