Connect with us

Фудбал

Газета: На Конте му е тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да истакнат различни кандидати.

Долго време како прв пик се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „La Gazzetta dello Sport“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челзи, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија Доменико Тедеско, тренерот на Порто Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Тие се споменуваат како втор ешалон кандидати, Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо.