Connect with us

Фудбал

Генералниот директор на Јувентус проговори за ситуацијата во клубот по заминувањето на Роналдо

На неколку дена пред почетокот на сезоната, еден од најдобрите играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо, изненадувачки го напушти Јувентус.

Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а за неговото заминување проговори и генералниот директор на Старата дама, Маурицио Аривабене.

Тој истакна дека Јувентус е малку потресен од заминувањето на Роналдо и дека тоа всушност е сосема нормално.

„Сезоната за нас започна со заминување на важен играч, па Јувентус беше малку потресен. Кога ќе замине играч како Роналдо, таквата ситуација е неизбежна. За добро или лошо, тој имаше голема одговорност во тимот“, изјави генералниот директор на Јувентус.

„Мислам дека тоа беше природно, но сега играчите се чувствуваат посигурни и презедоа дел од одговорноста и се движат во вистинската насока. Ова треба да биде еден добар тимски дух во тимот“, рече Аривабене.

Да потсетиме, Јувентус во Серија А не се истакнува. По 13 кола е на 8. место со 21 бод. Од друга страна во Лигата на шампионите успеа да се пласира во осминафиналето.

Реклама

Facebook

Реклама