Ракомет
Георгиевски: Сакаме победа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар вечерва ги почнува натпреварите од ЕХФ лига Европа. „Црвено-црните“ првиот натпревар од групата Ф ќе го играат на домашен терен против хрватскиот тим Сесвете.
– Не очекува стартот на Европската лига. Имаме натпревар на домашен терен со „непозната“ екипа. На хартија сме фаворити на овој натпревар. Добро се подготвивме за Сесвете. Сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да не поддржат, бидејќи сакаме со победа да го отвориме натпреварувањето. Имаме големи амбиции во Европската лига, па стартот е многу важен, изјави капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски.
Тренерот Иван Чупиќ на овој натпревар нема да може да смета на четири ракометари кои се повредени: Мигуел Еспиња, Мамаду Кеита, Милан Лазаревски и Кристијан Стаменковиќ.
Почетокот на дуелот Вардар – Сесвете е во 18:45 часот, а дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“.