Германецот сака „кошмарот“ на Енфилд да заврши што е можно поскоро

Германскиот голман Лорис Кариус (28) очајно сака да го напушти Ливерпул.
Кариус влезе во последната година од договорот со „црвените“, но најверојатно ќе замине во јануари, бидејќи Јирген Клоп не смета на него.
Во интервју за Билд, Кариус истакна дека сака „кошмарот“ на Енфилд да заврши што е можно поскоро.
“Отсуствував околу шест недели поради повреда и ќе се обидам да се вратам на теренот по репрезентативната пауза. Сакам да се вратам во врвна форма”, изјави Кариус за Билд и продолжи:
“Ќе видиме што ќе се случи, но сакам редовно да бранам. Имаше некои понуди во текот на летото, но трансферот не се случи од повеќе причини”.
Кариус нема одиграно натпревар за Ливерпул од 2018 година кога направи нереални грешки во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Замина на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин, и одигра вкупно 49 натпревари за „црвените“.



