Германија нема лидери во соблекувалната, вината не е само кај тренерите

Германската репрезентација промени неколку тренери во последните години, но Михаел Балак смета дека проблемите на тимот не можат да им се припишат само на тренерите. Според него, и играчите треба да преземат одговорност.
„Имам впечаток дека имаме многу малку лидери кои се способни да си ги кажат работите в лице еден на друг во моментите на дискусии во соблекувалната. Говорам за автокритиката и корекцијата на самите себе. Овој процес треба да започне од внатре во тимот, – изјави Балак како аналитичар на „Sky Deutschland“. – Секогаш многу зборуваме за тренерот. Секако, тој може да има големо влијание, особено негативно. Сепак, тој последниот квалитативен чекор, во позитивна смисла, треба да дојде од самиот тим. Треба да знаеш да донесеш одлуки на теренот и да се менаџираш самиот.“
Балак исто така сугерираше дека германскиот фудбал можеби стана жртва на претерување со тактиките и стандардизацијата, аргументирајќи дека проблемот започнува во младинските категории. Според него, овој пристап ги лишува играчите од автономија и способност за самостојно донесување одлуки на теренот.



