Connect with us

Фудбал

Германски тим стана хит, се Куртановиќ до Куртановиќ, сите фудбалери со исто презиме (ФОТО)

Германскиот нисколигаш DJK Flörsheim деновиве стана хит меѓу германската јавност, чиј фокус е ставен поради составот во кој ги игра своите натпревари.

Тоа е клуб од најниското ниво на натпреварување во Германија, а доаѓа од град со само 20.000 жители. Специфично за DJK Flörsheim е тоа што најголемиот дел од неговите играчи го сочинуваат фудбалери со презимето Куртановиќ, односно дури 12 од нив претежно од Санџак, Србија, но има и такви од Босна и Херцеговина.

Така фотографијата од составот на тимот на кој сите единаесет играчи во стартниот состав го носат презимето Куртановиќ стана вистински хит во цела Германија. Кога нисколигашот пред почетокот на сезоната западна во проблем со недостиг на играчи, на помош дојде Харис Куртановиќ кој го спаси клубот од згаснување. Харис тргнал во мисија да создаде нов тим, а потоа дошол на идеја да ги покани своите браќа и братучеди.

-Се запрашав на кои играчи им верувам најмногу? И сфатив дека тие се мои браќа и братучеди, изјави Харис Куртановиќ за локалниот Хесеншау.