SportM
Фудбал

Германците не престануваат да го слават Левандовски: Се се смени преку ноќ!

Д М31 јул 2022
Германците не престануваат да го слават Левандовски: Се се смени преку ноќ!

Освојувањето на Бундеслигата и титулите за најдобар стрелец не беа доволни за поранешниот играч на Баерн, Роберт Левандовски да ја освои наградата за најдобар германски играч.

Во неделата германскиот магазин Kicker го избра најдобриот фудбалер и тренер во 2022 година во Германија.

Во најважната категорија наградата му припадна на Кристофер Нкунку, 24-годишниот напаѓач на Лајпциг кој доби 134 гласови од печатот, точно шест повеќе од Левандовски, кој неправедно заврши на второто место, додека трет беше голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап.

Нкунку имаше 20 гола со 13 асистенции во Бундеслигата и го освои германскиот куп, но сепак е далеку под нивото на Полјакот, кој беше најдобар стрелец со 35 гола, а Баерн беше германски првак.

Се чувствувам многу почестен и навистина ја ценам можноста да прифатам толку важна награда“, изјави Нкунку.

Инаку, Лева изгуби голема популарност и симпатии во Германија откако стана јасно дека сака да го напушти Баерн, поради што очигледно не сакаат да му оддадат никакво признание.

Така, неодамна загуби од Томас Мулер во гласањето на навивачите за најдобар играч на Баерн минатата сезона, додека претходно Билд не најде место за Полјакот меѓу најголемите легенди на Баерн, иако имаше, на пример, место за Милер.

Да додадеме уште дека Кикер за најдобар тренер го избра Кристијан Штрајх, кој го одведе Фрајбург до финалето на Купот на Германија и до шестото место во Бундеслигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.