Германците открија: Тимо Вернер ќе заработи вистинско богатство во Челзи

Тимо Вернер официјално ќе стане фудбалер на Челзи на 1 јули.
Клубот од Лондон платил дури 65 милиони евра на Лајпциг за неговите услуги, што е многу, особено во време кога многу клубови имаат финансиски проблеми поради коронавирусот.
Се очекуваше Вернер да замине во Ливерпул, но Абрамович реагираше брилијантно, и успеа да го донесе овој напаѓач во Челзи.
Билд откри колку ќе заработи Вернер за пет сезони, колку долго треба да остане во Челзи, а се гледа дека Абрамович не штедел.
Имено, според германските медиуми, Вернер ќе заработува 16 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе отколку што заработил во неговиот поранешен клуб.
Ако ги помине сите пет години од неговиот договор во Челзи, тоа ќе го чини Абрамович дури 135 милиони евра, во ова е вклучен и надоместокот платен на Лајпциг.



