Геце прифати намалување на платата за да му се придружи на Милан
Д М25 мај 2020

Милан подготвува понуда за трансфер на Марио Геце, кој летово ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Дортмунд неодамна потврди дека нема да го продолжат договорот на германската sвезда и тој ќе мора сега да започне ново поглавје.
Геце се врати во Дортмунд во 2016 година, по тригодишниот престој во Баерн Минхен.
Победникот на Светскиот куп се бара на „Сан Сиро“, но Милан не е во можност да му ја понудат тековната плата што ја добива во Дортмунд, 8 милиони евра.
Според „Calciomercato.com“, се очекува Геце да прифати намалување на платата во Милан затоа што каде и да оди тој би бил принуден да добие пониска плата отколку во Дортмунд.
Неговата плата во Милан не би била поголема од 3,5 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



