SportM
Фудбал

Гигантите се борат за Лингард

Д М12 апр 2021
Гигантите се борат за Лингард

Џеси Лингард беше отпишан, но со одлични игри во дресот на Вест Хем привлече големо внимание.

Манчестер Јунајтед го испрати офанзивниот играч за врска на позајмица во Вест Хем, каде оживеа и постигна осум гола за два и пол месеци.

ЕСПН објави дека Вест Хем сака да го купи, но во исто време гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ и Интер сакаат да го купат од Манчестер. Со оглед на тоа дека влегува во последната година од договорот со Јунајтед, тоа би било олеснителна околност за секој што го посакува.

Ден претходно, во неделата, Лингард постигна два гола во победата на неговиот тим од 3:2 над Лестер.

Додека игра, треба да се очекува селекторот на Англија да го покани на Европското првенство.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.