Поврзи се со нас

Фудбал

Гигс реагира откако беше уапсен за напад врз неговата девојка

Селекторот на Велс, Рајан Гигс ги негираше обвинувањата изнесени против него за напад врз неговата девојка.

Легендата на Манчестер Јунајтед е уапсен под сомнение дека ја нападнал својата девојка, според британските медиуми.

Неговите претставници рекоа дека Гигис ги негира обвинувањата за напад направени против него и дека соработува со полицијата.

Фудбалскиот сојуз на Велс ја откажа прес-конференцијата закажана за во вторник, каде што требаше Гигс да го објави списокот на играчи поканети на ноемвриските натпревари.

„Ние сме свесни за обвинувањата против селекторот на националниот тим Рајан Гигс. Во моментов нема да дадеме никаква изјава “, се вели во реакцијата на Фудбалската федерација на Велс.

Во изјавата за Гигс се вели: „Тој соработува со полицијата и ќе им помогне во истрагата“.

Гигс е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.

loading...

Facebook