SportM
Фудбал

Гигс: Тешко е да се договориме околу Бејл со Реал

Д М5 окт 2018
Гигс: Тешко е да се договориме околу Бејл со Реал

Тренерот на Велс, Рајан Гигс, посочи дека Герет Бејл ќе биде следниот капитен на репрезентацијата.

Фудбалерот на Реал Мадрид го водеше тимот на Велс за првпат минатиот месец во поразот против Данска, бедејќи Ешли Вилијам се одмараше.

Од 34-годишниот одбранбен играчи нема да биде со тимот и следната недела, против Шпанија, Гигс најави дека капитенската трака повторно ќе биде кај Бејл.

“Сигурно ќе биде идниот капитен на овој тим, ќе биде добар лидер” , потврди тренерот.

Бејл се повреди во натпреварот против против ЦСКА во Лигата на Шампионите, но Гигс открива дека тој не добил никакви инструкции од кралскиот клуб.

“Ние сакаме да бидеме во добри односи со клубови, каде што играат играчите на нашиот тим. Понекогаш тоа не е лесно, особено кога станува збор за играчи како Бејл. Се натпреварува во Лигата на Шампионите и сакаме да победи на секој натпревар. Би сакал Бејл да игра секој натпревар. ”

Откако е назначен за тренер во јануари, Гигс го предводеше националниот тим во последните пет натпревари, а забележа две победи, два порази и реми.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.