Connect with us

Фудбал

Го чека суспензија: Судија во Англија на бизарен начин го прекршил протоколот Ковид-19

Ватфорд синоќа го победи Мидлзборо со 1:0 на домашен терен во рамките на првото коло од новата шампионска сезона.

Ватфорд испадна минатата сезона, но тие ја започнаа мисијата да се вратат во друштвото на најдобрите. Овој тим славеше против Мидлзборо со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот во 11-та минута го постигна Катакарт.

Сепак, натпреварот на Викараж Роуд беше обележан од главниот судија Кит Струд, кој важи за еден од ветераните што се однесува до судиите во Англија, но направи бизарна грешка пред натпреварот.

Имено, англиските медиуми пишуваат дека Струд би можел да биде суспендиран бидејќи ги прекршил правилата на Ковид-19 непосредно пред почетокот на мечот.

loading...

Струд ја извади топката од тунелот на теренот и потоа ја бакна, што е строго забрането со новите правила. Струд нормално го прави ова за среќа, но многу може да го чини.

„Сан“ пишува дека овој 51-годишник може да биде суспендиран или барем парично казнет.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com