SportM
Фудбал

Го напушта Милан: Дали е веќе познат следниот клуб на Франк Кеси?

Д М2 мар 2022
Го напушта Милан: Дали е веќе познат следниот клуб на Франк Кеси?

Франк Кеси на крајот на сезоната ќе го напушти Милан како слободен играч.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Милан и Интер во полуфиналето на Купот на Италија, Паоло Малдини потврди дека нема договор меѓу Росонерите и играчот за врска од Брегот на Слоновата Коска.

На Кеси му истекува договорот и немаме договор.

Некои медиуми во Каталонија пренесуваат дека Кеси за следен клуб ја избра Барселона, која веќе бара начин да ги исполни условите на одличниот играч за врска.

Кеси сака 6 милиони евра по сезона, а Барса одлучи во договорот да вклучи различни бонуси поврзани со резултатите за да ја достигне потребната сума.

Барселона ја примени истата стратегија на последните неколку засилувања, а се надеваат дека ќе го направат истото и со 25-годишната Кесие.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.