„Го сакам мојот поранешен живот, ја изгубив тишината“, голманот кој стана хит на Светското првенство ја открива другата страна од славата

Голманот од Зелениот ‘Рт, Возиња, беше едно од најголемите изненадувања на последното Светско првенство. 40-годишникот кој избори место во најдобриот состав на Светското првенство, изгледа дека не ја доживува добро големата слава што ја стекна овие месеци.
„Ја изгубив тишината. Немам приватност, или барем многу помалку од порано. Сега излегувам, одам во ресторан и секогаш има некој што сака да направи слика со мене или да побара автограм. Или полошо, некој што ме снима. Ова е работата што најмногу се промени во мојот живот и не мислам дека можам да направам нешто за тоа“, рече Возиња во неодамнешно интервју за „The Observer“.
„Многу луѓе сакаат да бидат познати, но гледаат само на позитивната страна од таа реалност. Искрено, ако би требало да изберам меѓу животот што го имам денес и оној што го имав порано, би го избрал она што го имав порано“, додаде Возиња.



