Поврзи се со нас

Фудбал

Го сакате Погба? Повелете, ова е цената

Францускиот фудбалер Пол Погба е на излезната врата од Манчестер Јунајтед.

Многу клубови се натпреваруваат за неговите услуги, а Погба има важечки договор до летото 2022 година.

Долго време се поврзуваше со ПСЖ и Реал Мадрид, а англискиот „Дејли експрес“ објави дека одредиле цена во Јунајтед.

Секој што сака Погба ќе мора да плати најмалку 75 милиони евра, а Јунајтед досега вложи многу во него, со оглед на тоа дека тој е еден од најплатените играчи.

Тој не потпиша нов договор, што значи дека размислува да го напушти Островот.

Поради честите проблеми со повредите, Погба не ги оправда очекувањата кои јасно „кажуваа“ дека ќе биде лидер на некој нов Манчестер Јунајтед.

Facebook

loading...