Го следеа многу големи клубови, „дијамантот“ на Германија ги изненади сите со последната одлука
SPORTM.mk21 авг 2026

Саид Ел Мала беше едно од најспоменуваните имиња ова лето. По фантастичната форма која ја покажа во минатата сезона со Келн, каде придонесе со 13 голови и 5 асистенции, 19-годишниот крилен играч го разбуди интересот на многу други тимови, особено на Борусија Дортмунд.
Сепак, попладнево Келн објави дека Саид Ел Мала го продолжи договорот до 2031 година и ќе го носи дресот со број 10.
“Се разбира, размислував за мојата иднина. Но, разговорите со одговорните во клубот беа одлични, чувствувам голема доверба и почит овде. Затоа останувам овде – сакам да имам добра сезона со клубот и нашите навивачи”, вели Ел Мала во видеото објавено на социјалните мрежи од Келн.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



