SportM
Тајм аут

Го видовте ли бизарното видео од Роналдо и Трамп како „играат“ фудбал во Белата куќа? (ВИДЕО)

Редакција21 ное 2025
Го видовте ли бизарното видео од Роналдо и Трамп како „играат“ фудбал во Белата куќа? (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social објави видео кое многу брзо го обиколи целиот свет.

Трамп сподели бизарна снимка генерирана со вештачка интелигенција која го прикажува како игра фудбал со португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во Овалната соба на Белата куќа.

Надреалната сцена го прикажува претседателот на САД и Роналдо како со глава удираат топка што се спушта од покривот на Овалната соба, а потоа двајцата ги демонстрираат своите вештини со топка.

Секако ова е лажно видео, генерирано со вештачка интелегенција, но Роналдо нависина беше во Белата куќа, каде сепак не играше фудбал. Пред неколку дена Трамп организираше вечера, на која меѓудригите моќници во светот, беше и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.