SportM
Други

Ѓоковиќ доживеа нова непријатност во Австралија (ВИДЕО)

Редакција9 јан 2025
Ѓоковиќ доживеа нова непријатност во Австралија (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Новак Ѓоковиќ има многу убави спомени од Австралија, но имаше и некои грди, како неговото депортирање за време на коронавирусот. Синоќа во Мелбурн доживеа уште едно непријатно искуство. Ѓоковиќ доаѓал на стадионот на официјален тренинг, но на врата бил запрен од обезбедувањето. Иако пред него стоеше најдобриот тенисер во историјата, обезбедувањето побара да му ги види акредитациите за да утврди кој е и дали може да го пушти да помине.

Откако Ѓоковиќ му ја покажа акредитацијата, обезбедувањето со насмевка го пушти да помине. А Ѓоковиќ, освојувачот на десет титули на Австралија опен, се насмеа, очигледно затоа што му беше јасно дека обезбедувањето само професионално си ја врши работата. Ѓоковиќ денеска во првото коло го дозна и својот противник, кој ќе биде Нишеш Басавареди.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.