SportM
Други

Ѓоковиќ и Сабаленка заиграа во мешани двојки на УС Опен, не се прославија, брзо беа елиминирани!

Редакција25 авг 2026
Ѓоковиќ и Сабаленка заиграа во мешани двојки на УС Опен, не се прославија, брзо беа елиминирани!

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка беа елиминирани уште на стартот на натпреварувањето во микс-дабл на последниот Гренд слем турнир во сезоната, УС Опен. Ѓоковиќ и Сабаленка настапија во мешани двојки, но не успеаја да го продолжат настапот, откако беа поразени во осминафиналето.

На оваа фаза од натпреварувањето ги совладаа Британецот Хенри Патен и Чехинката Катерина Синијакова со 2:1 во сетови. Првиот сет го добија Ѓоковиќ и Сабаленка со 4:1, а во вториот поведоа со 2:1, но го загубија со 4:2. Во супер тај-брејкот одлучувачкиот сет, Чехинката и Британецот славеа убедливо со 10:2. Ѓоковиќ и Сабаленка беа први носители во микс-дабл, додека нивните противници настапија како квалификанти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.