Други спортови
Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча! (ВИДЕО)
Ѓоковиќ во отворен разговор со Пирс Морган зборуваше за многу интересни теми, а една од нив беше како славниот тенисер би сакал да биде запаметен по својата смрт.
„Би сакал на мојот надгробен споменик да пишува ‘човек кој ги допре човечките срца’. Тоа ми е навистина важно. Сакам да останам запаметен како некој кој секогаш играл фер и секогаш давал сè од себе“, рече Ѓоковиќ и додаде:
Ѓоковиќ изјави дека е горд на сите свои достигнувања во тенисот, но дека сцената која ја видел на погребот на Никола Пилиќ крајот на септември му ги отвори очите.
„Мојот тениски татко, како што го нарекувам, почина пред малку повеќе од еден месец, и бев на неговиот погреб. Тоа беше мојот прв погреб на кој сум присуствувал. Најголемиот впечаток од тоа, покрај неверојатната тага и емоциите што ги почувствував, беа човечките врски што ги остави зад себе и ги создаде во текот на својот живот. Начинот на кој луѓето зборуваа за него е нешто посебно. Не се работеше за тенисот и за тоа што постигна како играч или како тренер, туку за тоа кој тој беше како човек, како се однесуваше кон луѓето, како ги промени животите на младите или на секој со кого беше близок. Така сакам и мене да ме паметат“, рече Ѓоковиќ.