Други спортови
Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар, го сруши Синер за финале на Австралија Опен
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП 4.) приреди сензација совладувајќи го Јаник Синер (АТП 2.) со резултат 3:2 во сетови по повеќе од четири часа игра и се пласираше во финалето на Австралија опен.
Синер фуриозно го отвори мечот, направи ранен брејк и поведе со 3:0. Ѓоковиќ немаше одговор на играта на Италијанецот, па Синер го доби првиот сет со 6:3.
Во вториот сет, Ѓоковиќ во раната фаза направи брејк и поведе со 3:1, а веќе во следниот гем Синер имаше голема можност за ри-брејк. Имаше водство од 40:0 на сервис на Ѓоковиќ, но Новак освои пет поени по ред и поведе со 4:1.
До крајот на сетот, двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис, а Ѓоковиќ израмни во сетови со резултат 6:3.
Во третиот сет, двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис сѐ до десеттиот гем, кога Синер дојде до три последователни брејк-топки. Ја искористи втората и поведе во сетови со 2:1, освојувајќи го сетот со 6:4.
Во седмиот гем од петтиот сет, Ѓоковиќ повторно направи брејк и го задржа до крајот, со што приреди сензација и се пласираше во финалето на Австралија опен, каде ќе се бори за својата 11-та титула во Мелбурн и 25-та Грен слем титула, против Карлос Алкараз.
Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз ќе се одигра во недела со почеток во 9:30 часот.