Ѓоковиќ повторно во Хрватска, ги изненади минувачите и возачите со необично појавување на улица (ФОТО)
Редакција12 авг 2024

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри одмара во Дубровник, а утрово ги изненади жителите на овој хрватски град, особено возачите. Имено, Ѓоковиќ активно ја одржува формата и за време на одморот, а решил да трча на тротоар во близина на многу фреквентен пат. Во меѓувреме се појави фотографија на која се забележува дека Новак додека трчал бил без маица.
Spotted earlier today in Dubrovnik 🇭🇷
🥇 @DjokerNole 🏃♂️ pic.twitter.com/o3EouEAEXh
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) August 11, 2024
Ова не е прв пат Новак да доаѓа во Дубровник. Имено, тенискиот ас беше виден пролетта оваа година во Ревелин по концертот на Северина, а во јули минатата година Ѓоковиќ беше и во Дубровник.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



