Други спортови
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос, број 1 во светот ќе биде Синер
Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос откако направи магнетна резонанца на коленото, откако вчера цел меч се мачеше и беше на раб да се откаже. Снимките не биле добри, па поради тоа мораше да се повлече.
Освен тоа Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата. Со повлекувањето губи 1600 бодови, па од следниот понеделник првата позиција на АТП листата ќе ја преземе Јаник Синер.
Тој се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако со 3:0 го совлада Бугаринот Григор Димитров.