Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ среде меч и се обрати на Јелена: Цел стадион аплаудираше за овие зборови (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за учество на Австралија опен, а во пресрет на почетокот на турнирот – каде што доби многу тешка ждрепка – одигра хуманитарен меч против Александар Саша Зверев. Ѓоковиќ го доби единствениот сет одигран во тај-брејкот (7:6), по пресврт, бидејќи имаше брејк на почетокот на мечот. Се беше во лежерен тон, па Ѓоковиќ даваше интервјуа меѓу натпреварите, а за време на еден од нив му се обрати на семејството кое го бодреше на трибините.

Ова е првпат Јелена Ѓоковиќ и нејзините деца – синот Стефан и ќерката Тара да дојдат да навиваат за Новак во Австралија, што беше нејзина одлука за која веќе многу се зборуваше. Сега репортерот го праша Ѓоковиќ како се чувствува што мора да патува низ целиот свет 20-ина години поради неговата кариера, што неизбежно значи дека тој не е со семејството. Ги погледна и рече колку му значи тоа што се со него.

-Тоа ми значи се` и додаде: Прв пат се тука, мило ми е што се со мене. Срцето ми е полно кога моето семејство е со мене. Долг е патот до Австралија, благодарам на мојата сопруга која сакаше да дојде овде со децата. Тие ми даваат голема поддршка. Се надевам дека ќе поминеме неколку недели овде, дека ќе гледаат тенис, ќе го видат градот, сега уживаат во него дури и иако е минато време за спиење.