Голем пресврт: Бејл добива шанса, вечерва игра од првата минута против Манчестер Сити?

Се чинеше дека Герет Бејл скоро сигурно ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид, но сега ситуацијата е променета.
Тој треба да добие нова шанса во тимот на Реал Мадрид и ќе има шанса вечерва против Манчестер Сити.
Така наведува „Марка“, а Бејл треба да добие шанса наместо повредениот Еден Азар кој скоро сигурно нема да игра до крајот на сезоната.
Бејл играше брилијантно во Лигата на шампионите во последните неколку години, а особено се памети настапот во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година кога го собори Ливерпул со два гола.
Тој има постигнато само три гола оваа сезона, најголема причина се повредите и трансферот договорен за Кина на почетокот на сезоната.
Се разбира, на крајот, го запреа трансферот од Реал Мадрид и решија тој да остане во тимот и да се бори за своето место.



